-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

Пендаровски до Сакеларопулу: „Преспанскиот договор не однесе во НАТО“

Најчитани вести

Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу пред малку во Претседателката палата го прими претседателот Стево Пендаровски, кој се наоѓа во прва посета oд осамостојувањето на Македонија на шеф на македонската држава на грчката држава. Во првичниот тет-а-тет разговор Сакеларопулу оцени дека со потпишувањето на Преспанскиот договор се направени многу позитивни чекори во интерес на двете земји и регионот. Од Атина известува Жана Поповска Божиновска.

„Поминаа 2,5 години од потпишувањето на Преспанскиот догово и треба да признаеме дека имаме многу позитивни чекори оттогаш, но треба и други поместувања да се направат. А тоа, ќе овозможи понатамошен развој на нашите односи“, рече грчката престедателка и додаде дека од страна на Атина се разгледуваат сите аспекти на Преспанскиот договор и дека Грција се обидува да ги реши сите отворени прашања.

Пендаровски пак ѝ рече на Сакеларопулу дека како човеќ не е нагласување на некакви политички патеки, но дека оценува оти станува збор за средба која има историска димензија.

„Да, ние сега ја имамеме прва средба на највисоко ниво после 30 години, а тоа е многу значајно за двете страни. Имавме добри односи и до 2018, но оттогаш поставивме и политичката и правна рамка“, нагласи Пендаровски.

Тој рече дека и тој и грчката претседателка се правници и дека застапуваат правни принципи.

„Договорите треба да се почитуваат и чуваат. Многу работи се направени од потпишувањето на Преспанскиот договор. Би рекол дека е направен најголемиот и најтешкиот дел. Но и дека има уште некои работи да се направат. Ние сме решени да го реалаизираме договорот до последната буква. Кога доаѓав наваму разбрав дека двете заеднички комисии имаат договор за следна средба. Тоа се комисиите за историско-археолошки и образовни прашања и комисијата за брендовите. Поради корона – кризата имаше застој и очекувам нивната работа да се забрза. Преспанскиот договор ни овозможи да влеземе во НАТО и очекуваме ваша поддршка за нашата следна цел а тоа е членството во ЕУ“, рече Пендаровсвки.

Средбата потоа продолжи без присуство на новинарските екипи, како што е тоа вообичаено.

Пендаровски беше пречекан од Сакералопулу пред Претседателската палата во Атина со официјална церемонија со државни и воени почести.

Пред средбата со грчката претседателка, претседателот Пендаровски положи венец пред Споменикот на незнајниот војник на платото пред Парламентот на Хеленската Република.

Инаку, македонскиот претседател ќе оствари средба и со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, а во текот на денот ќе се сретне и со градоначалникот на Атина, Костас Бакојанис.

Во рамки на посетата, претседателот ќе го посети музејот Бенаки, каде што е предвидено разгледување на архивата на Константинос Доксијадис и ќе оствари средба со американскиот амбасадор во Грција Џефри Пајат.

За време на посетата, претседателот Пендаровски е придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, која што во рамки на дамската програма, ќе ја посети Националната галерија во Атина, во придружба на министерка за култура и спорт на Грција Лина Мендони.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com