3 C
Skopje
Saturday, January 23, 2021

Пендаровски до ЕУ: Исполнивме сѐ, дури и името го сменивме, дајте нѝ шанса

Најчитани вести

Не се надеваме на сигнал, туку очекуваме одлука од Европскиот совет. Во изминатите година и пол испорачавме сè што требаше. Дури го сменивме и нашето име по историскиот договор со Грција. Ниту една земја-кандидат го нема направено ова порано. Штом ЕУ вели дека процесот на зачленување се заснова на резултати, тогаш не очекуваме ни повеќе ни помалку од она што сме го постигнале. Мојата порака е: „Дајте ни шанса и дозволете ни да покажеме дека сме подготвени“, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за австриски „Ди Пресе“.

Одговарајќи на прашањето за аргументот на Париз дека Македонија и Албанија треба да направат повеќе во борбата против корупцијата и криминалот, Пендаровски објаснува дека го основавме Специјалното јавно обвинителство, кое покрена обвиненија против поранешниот премиер Никола Груевски, кој во меѓувреме побегна во Унгарија, како и против други важни личности.

„Ние ја ставивме борбата против корупцијата како наш приоритет. Еден од клучните аргументи на Франција беше дека тие сакаат продлабочување на Унијата пред проширување. Но, двата процеси може да течат паралелно. Ние нема веднаш да станеме полноправна членка на ЕУ“, изјави Пендаровски.

Според него, доколку се пролонгираат преговорите за зачленување во ЕУ тогаш Унијата ќе изгуби многу од својот кредибилитет, а ентузијазмот за ЕУ во земјава ќе падне значително.

„Луѓето прашуваа, зошто треба да го смениме името на земјата? Ние им рековме за да можеме да станеме дел од ЕУ. Ние исполнивме сè. Сега народот нè прашува – зошто има повторно одложување?“, додава Пендаровски.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести