4 C
Skopje
Sunday, March 7, 2021

Пендаровски до Гир: Целосната интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ е суштинска гаранција за стабилност на регионот

Најчитани вести

Претседателот Стево Пендаровски го прими шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир.

На средбата беа разменети мислења и информации за европските перспективи на Република Северна Македонија, за можностите за отпочнување на пристапните преговори за членство во Европската Унија и за текот на имплементацијата на реформите во насока на исполнување на европските стандарди.

„ Целосната интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е суштинска гаранција за натамошен демократски развој, стабилност и просперитет на регионот. Ниедна земја членка на Унијата не смее преку поставување на ирационални барања да ја доведува во прашање европската иднина на нашиот народ“, посочи на средбата претседателот Пендаровски, додавајќи дека само преку дијалог и почитување на принципите и темелните вредности на Европската Унија и на меѓународното право, може да се надминат билатерални разлики и предизвици.

Република Северна Македонија останува силно посветена на политиката на добрососедство и регионална соработка, истакна претседателот Пендаровски, потенцирајќи дека почетокот на преговорите за членство ќе претставува дополнителен поттик за забрзување на реформите.

На средбата беа разменети мислења и за актуелните мерки и состојби во Европската Унија во насока на справување со пандемијата на Ковид-19, при што претседателот Пендаровски изрази благодарност за солидарноста и поддршката од ЕУ за здравствениот сектор, како и за финансискиот пакет со цел справување со социо – економските последици од пандемијата.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести