21 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

Пендаровски: Да ги поддржиме и заштитиме медиумските права и слободи

Најчитани вести

Истражувачкото новинарство и унапредувањето на транспарентноста позитивно влијаат врз демократиите и одржливиот развој. Без слободни медиуми нема објективни и проверени информации особено за време на тековната ковид-19 пандемија, порача претседателот на државата Стево Пендаровски по повод Светскиот ден на слободата на медиумите.

„Овогодинешната тема на Светскиот ден на слободата на медиумите „Информациите како јавно добро” е повик за афирмирање на важноста за негување на информациите како јавно добро. Да ги поддржиме и заштитиме медиумските права и слободи од политички пристисоци и влијанија. Институциите се должни да создадат демократска атмосфера за остварување на професионално новинарство. Тоа е нужно за да имаме медиумска етика и информирано јавно мислење“, објави на својот фејсбук-профил Пендаровски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести