Претседателот, Стево Пендаровски, ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција во земјава, Хасан Мехмет Секизќок и му посака успех во извршувањето на функцијата.
Изразувајќи задоволство од одличните билатерални односи и успешната соработка помеѓу двете пријателски земји коишто се во духот на силно традиционално пријателство и партнерство, Пендаровски истакна дека двете држави споделуваат заеднички вредности за толеранција, меѓусебно разбирање и почит, вредности кои, како што рече, претставуваат клучни столбови во градењето на подобра и попросперитетна иднина за граѓаните на двете земји.