-4.3 C
Skopje
Wednesday, January 20, 2021

Пендаровски, Вучиќ и Пахор на Регионалниот младински форум во Нови Сад

Најчитани вести

 Претседателот Стево Пендаровски ја продолжи официјалната посета на Србија, со престој во Нови Сад каде учествуваше на 4. Регионален младински форум.

Како што јави дописникот на МИА, тој се обрати на претседателскиот панел „Обраќање на младите пред претставниците на власта: Презентирање на политичкиот дијалог пред милениумците”, заедно со претседателите на Србија и на Словенија, Александар Вучиќ и Борут Пахор.

– Потребно е менување на менталниот склоп во регионот. Наместо да чекаме пораки од Брисел и големите центри, да ја донесеме ЕУ во регионот со реформи и економски развој, за младите да останат дома, изјави на панелот Пендаровски, кој упати порака „на младите да им се овозможи првата шанса за работа да ја добијат дома, за што е и реализацијата на иницијативата за т.н. Мал Шенген.”

Српскиот претседател ги посочи бројките на иселување на младите во целиот регион кои се алармантни.

– За да ги задржиме младите треба да им се понуди перспектива, со добра политика и раст на економијата со високи плати, изјави Вучиќ, кој исто така посочи дека во таа насока е и иницијативата „Мал Шенген”.

Тој првпат најави и воведување на „трајни дозволи за работа” во земјите членки на иницијатива Мал Шенген.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести