21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Пендаровски во дводневна посета на Брисел

Најчитани вести

Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел, каде е предвидено да има средби со челниците на Европската Унија и на НАТО.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, Пендаровски денеска ќе има средби со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, со претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, со потпретседателот на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел и со комесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји.

Шефот на државата ќе одржи средби и со европратеникот и известител за Република Северна Македонија, Илхан Ќучук, како и со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

Пендаровски, според најавите од неговиот кабинет, утре ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести