1 C
Skopje
Sunday, January 24, 2021

Пендаровски-Борисов: Двете држави се посветени кон унапредување на севкупните односи

Најчитани вести

Претседателот на државата Стево Пендаровски во рамки на учеството на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, во Сараево, оствари средба со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов при што констатирале дека двете држави се посветени кон унапредување на севкупните односи.

Како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, двајцата соговорници изразија задоволство што Договорот за добрососедство, пријателство и соработка внесе позитивна динамика во политичките односи меѓу двете земји, што се рефлектира и во останатите области.

„Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија високо ја цени поддршката од Република Бугарија за добивање датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија и го поздрави ратификувањето на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО“, стои во соопштението.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести