1 C
Skopje
Monday, March 8, 2021

Пендаровски: Бегството на Мијалков е неприфатливо за земја која очекува преговори за членство во ЕУ

Најчитани вести

Ги повикувам сите надлежни институции да ги преземат неопходните мерки со цел да биде спроведено судското решение за притвор на Сашо Мијалков, реагира претседателот на државата Стево Пендаровски во врска со бегството на поранешниот директор на УБК.

– Вакви случувања се неприфатливи за земја која очекува да започне преговори за членство во Европската Унија и која напорно работи на реформирање на правосудниот систем и градење доверба во правната држава. Ова ги дискредитира напорите и надежите за справување со криминалот и високата корупција – потенцира претседателот Пендаровски.

Шефот на државата очекува надлежните институции во најкус можен рок да спроведат истрага за целосно расветлување на случајот и доколку бидат констатирани какви било пропусти од страна на надлежните институции да биде преземена одговорност.

– Граѓаните бараат одговорност и кривична и морална. Борбата за правна држава значи секој кој се огрешил пред законот да биде казнет – порачува претседателот Пендаровски.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести