-6.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Пендаровски: Ако продолжи спорот со Бугарија мора да бараме алтернативи, една е стратешкото партнерство со САД

Најчитани вести

Во услови кога проширувањето на ЕУ де-факто е замрзнато имаме две опции, да ја донесеме Европа дома и второ, според мене треба наскоро да почнеме да го враќаме во живот договорот за стратешко партнерство со САД од 2008-мата година. Ова денеска го изјави претседателот Стево Пендаровски на панел дискусија на тема „Триесет години независност и евро-атлантските перспективи на Република Северна Македонија“, во организација на невладината организација Еуропроспера.

Пендаровски додаде дека тоа не значи откажување од европските интеграции, напротив.

– Но, ако продолжи спорот со Бугарија, мора да бараме алтернативи – додаде Пендаровски.

Според него, принципот на консензус на донесување на одлуките во ЕУ е причина за блокадите и неможноста да се носат брзи одлуки

– Клучниот проблем на ЕУ е носењето на одлуки со консензус. Без измени на тоа, Унијата не може да биде клучен геополитички играч. Тоа доведува и до пораст на евроскептицизмот во регионот на Западен Балкан и во Северна Македонија, но и во самата ЕУ, што е поразително – рече Пендаровски.

Во однос на очекувањата од Советот на ЕУ, претседателот Пендаровски искажа скептицизам во однос на шансите Северна Македонија да добие одлука за почеток на пристапни преговори со Унијата.

-Јасно е кажано од Софија дека во недостаток на Парламент и во недостаток на политичка влада тие нема да можат да дадат зелено светло. Се што можеше од наша страна да биде понудено како гест на добра волја, а што не излегло од рамките на едно резонско разговарање и преговарање за битни аспекти на билатералата со Софија беше понудено. Се разбира, не можеме да влеземе во идентитетскиот комплекс и ако некој очекува дека по јули или август ќе го направиме тоа, тој се лаже – рече Пендаровски.

Тој додаде дека останува да очекуваме по конституирањето, новата бугарска Влада да каже како ќе излеземе од оваа ситуација којашто самите ја создадоа.

На панел дискусијата претседателот Пендаровски го оцени како одличен португалскиот предлог за надминување на спорот со Бугарија, објаснувајќи дека според него се декларираат позициите на двете страни.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com