Home » Пелеши и Чучи гарантираат дека националната безбедност на Албанија не е загрозена

Пелеши и Чучи гарантираат дека националната безбедност на Албанија не е загрозена

by Журнал.мк

Албанските министри за одбрана и за внатрешни работи, Нико Пелеши и Бледи Чучи, попладнево изнесоа детали за инцидентот што се случи во поранешна воена фабрика во Грамш, каде двајца војници-стражари беа нападнати од двајца Руси и еден Украинец.

– Последната активност во воениот објект во Грамш беше минатата година за демонтирање на оружје. Ова не е вистинска активност како онаа пред 90-тите. Во 1992 година овој објект ја прекина својата дејност. Таму веќе не се произведуваат експлозиви, туку се уништуваат. Но, објектот и тоа што се наоѓа внатре го обезбедуваат припадници на армијата, но повторувам таму нема вистинска воена активност. Ова, сепак, никако не го релативизира настанот, во кој имаме работа со група странци кои според процедурата не добиле дозвола, изјави министерот за одбрана Пелеши.

Тој рече дека случајот темелно се истражува, додавајќи дека не се исклучува можноста дека е направено за да се привлече внимание од некој друг настан, притоа спомнувајќи го и кибер нападот што ја погоди Албанија пред околу еден месец, што услови повеќе од три недели блокада на јавните онлајн сервиси и владините сајтови.

– Еден од нив бурно реагирал, а беа нападнати и двајцата војници. Можеби имале намера да го оттргнат вниманието од некое друго сценарио. Имаме разузнавачки агенции, државна полиција и многу други структури кои обработуваат сите информации, по руската агресија во Украина. Живееме во деликатен и комплексен регион. Настанот не претставува закана за националната безбедност, но имаме насилство врз луѓе во униформи. Во објектот има материјални вредности кои се чуваат. Во овој случај имаме агресија и насилство. Инцидентот е под истрага, можеби е обид да се скрие друго сценарио. Да не заборавиме дека станавме цел на напад на податоци со кибер нападите, што исто така се истражува, рече Пелеши.

Првиот полицаец Бледи Чучи изјави дека и покрај тоа што фабриката за оружје во Грамш е декласифициран објект и нема државни тајни, истрагите за шпионажа за двајцата Руси и Украинецот ќе одат до крај.

– Во врска со истрагата, сакам како министер за внатрешни работи да ви кажам дека има истрага и постапка и пријави од обвинителството на Елбасан. Тоа е настан кој не сме го потцениле, го истражуваме со сите факти и докази од тоа како се обиделе да влезат, опремата што ја имале и пред се поради применетото насилство, се сè испитува од обвинителството во Елбасан. Истрагата ќе биде целосна. Сите други податоци ќе ги оставиме на истрагата да ги анализира до крај, изјави Чучи.

И тој гарантираше дека со овој настан не е загрозена националната безбедност, додавајќи дека „нема простор за шпекулации“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk