Home » Пекинг: Колку повеќе САД и Јапонија креваaт врева за Тајван, толку посилно ќе дејствуваме

Пекинг: Колку повеќе САД и Јапонија креваaт врева за Тајван, толку посилно ќе дејствуваме

by Журнал.мк

Кина е цврсто посветена на мирно обединување со Тајван и никогаш нема да толерира негова „независност“, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за одбрана, Ву Џијан.

– Ние сме цврсто посветени на мирно обединување засновано врз принципот „една земја, два системи“. Ќе вложиме максимални напори за мирно повторно обединување на двете страни од Тајванското Море, никогаш нема да толерираме сепаратистички сили кои бараат независност на Тајван обидувајќи се да ја поделат татковината – рече Ву.

Тој нагласи дека во светот постои само една Кина, дека Тајван е нејзин составен дел и дека сонародниците од двете страни на Тајванското Море имаат заедничка судбина и „по крв се браќа“.

Според него, прашањето за Тајван е исклучиво внатрешно прашање на Кина, а странското мешање е неприфатливо.

– Колку повеќе САД и Јапонија креваaт врева за проблемот со Тајван, толку посилно ќе дејствуваме за да го заштитиме националниот суверенитет и територијалниот интегритет – заклучи Ву.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More