13.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Пекинг бара САД да не демонстрира сила

Најчитани вести

Кина денеска ја повика американската војска да престане да демонстрира сила во Јужното Кинеско Море со цел да се избегнат „нови несигурности“ во врска со Тајван.

Барањето од официјален пекинг му го пренесе кинескиот министер за одбрана Веј Фенгхе на американскиот колега Марк Еспер на маргините на Самитот на министрите за одбрана во Бангкок.

– За време на разговорите зад затворени врати, Веј го повика Еспер да престане да демонстрира сила во Јужното Кинексо Море, да не провоцира и да не доведе до ескалација на тензиите во тој регион, соопшти портпаролот на кинескиот министер, Ву Кијан.

Претходно, Еспер ја обвини Кина дека „сè повеќе користи сила и застрашување заради остварување на своите стратешки цели“ во регионот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com