Педесет и едно лице е повредено во верижниот судир на 36 возила којшто синоќа се случи во источниот дел на Вирџинија. Сообраќајната несреќа била предизвикана од густа магла и голомразица на автопатот.
Некои лица се здобиле со полесни повреди, но дека има и такви кои се животно загрозени.
Портпаролот на регионалниот Медицински центар на Твитер објавил дека кај нив биле згрижени 25 повредени лица, од кои едно било во тешка состојба.