Home » Педалините и скутерите најризични пловила и оваа летна сезона

Педалините и скутерите најризични пловила и оваа летна сезона

by Журнал.мк

Педалините и скутерите главен проблем во езерската пловидба и оваа летна сезона. Не се почитува забрана за скутери, се дивее во близина на брегот, особено во струшкото крајбрежје.

Наутичката култура е подигната, но сè уште има голем број нарушители, велат од Капетанија на пристаништа. Ризични се и рекреативците кои немаат доволно знаење и вештини.

„Кај рекреативците пловниот објект се користи 20-30-40 дена за време на годишните одмори и сега еден таков човек не може да очекувате ни како општество, ни како држава дека тој може да собере квантум на знаење, вештини, практики за да биде виртуоз, тоа е исклучена работа“, вели Горан Устијаноски капетан на Капетанија на пристаништа.

Ова лето не е регистриран ниту еден инцидент во внатрешната пловидба. Од Капетанија апелираат на поголемо внимание при користење на педалинки.

„Ние одиме буквално од педалина на педалина тоа ни одзема многу време но безусловно ќе го правиме но имаме и други критични точки, каде треба да се посветиме. Затоа апелирам родители да ги советувате вашите деца педалинката не е нималку неопасен предмет“, апелира капетанот Устијаноски.

Во земјава се регистрирани околу 2.800 пловила, а во еден ден во шпицот на сезона на Охридското Езеро пловат околу 300 пловни објекти. Од 2015-та година се изврши маркација на езерото со бови и пловидбени знаци, уредно се обележани пловните патишта.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More