Ние сметаме дека беше историска грешка на Европската унија да не оди напред со Северна Македонија и Албанија, рече амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат за време на панел дискусијата на Самитот во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.
Говорејќи за европската перспектива на Западен Балкан, Пајат рече дека ништо не може да биде подобро за Солун, за Северна Грција и за грчката безбедност од тоа сите соседи да се стабилизираат преку комбинацијата на ЕУ и НАТО членство.
Американскиот амбасадор истакна дека е важна разврска тоа што премиерот Заев беше во Солун, а шефот на грчката дипломатија Дендиас во Белград, коментирајќи дека САД го поздравуваат „враќањето на Грција како главен фактор на стабилност во Западен Балкан“.