31.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Паѓа бројката на хоспитализирани, во болниците се лекуваат 1.585 ковид пациенти

Најчитани вести

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 924 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Вкупно 661 лицe сомнителнo и потврденo за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град, информира Министерството за здравство.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 129 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 81 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 38 пациенти, во Велес се лекуваат 92 болни, а во Куманово 101 пациент позитивен и суспектен на ковид- 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 99 во ковид центарот во Гостивар 36, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 101 пациенти, во Кочани 29 во Кичево 30, Кавадарци 56, а во Гевгелија 18 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. .

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.585 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 661 лицe сомнителнo и потврденo за ковид -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 22 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 10 примени пациенти и 8 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле билe примени 3 нови болни, а двајца пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени двајца пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 56 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 272 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 136 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 147 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на ковид-19 вирусот, а на ГАК има 5 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 49 болни.

Вкупно 661 пациент потврден и сомнителен за ковид- 19 се лекува на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести