Пациент утрово во 7.20 се фрлил од првиот спрат на Ковид-центарот во болницата „8 Септември“ во Скопје и почина, потврди МВР. Станува збор за лице на 70-годишна возраст.
На местото заврши увидот на полицијата.
Градската општа болница „8 Септември“ од 15 март минатата година е главен државен Ковид-центар. Во моментов таму се лекуваат 80-на пациенти со компликации од ковид-19.