Home » Пациентите со дијабетес се оставени самите да се снаоѓаат поради недостиг од терапија, ленти и глукомери

Пациентите со дијабетес се оставени самите да се снаоѓаат поради недостиг од терапија, ленти и глукомери

by Журнал.мк

Нашето трпение се потроши повеќе и од инсулинските игли, лентите за мерење на шеќерот, глукомерите и исто како што и терапијата ни ја снемува по некој месец – стои во реакцијата на Сојуз на Здруженија на дијабетичари на Македонија.

Сојуз на Здруженија на дијабетичари велат дека се игнорирани, дискриминирани и понижени. Изразуваат револт и гнев, но и став дека е недозволиво осум месеци да нема инсулински игли, ленти, апаратчиња за мерење на шеќер. Револтирани се што на крајот на секој тендер и почетокот на нов тендер речиси по правило нема доволно инсулин и друга антидијабетична терапија. Каде е сега „пречката или проблемот“ и после 90 дена потпишани договори за набавка на Антидијабетна терпија ја нема – прашуваат пациентите со дијабет.

Според дијабетичарите, 136 илјади граѓани во оваа држава мака мачат, живеат под стериозен стрес и имаат секојдневни проблеми поради нивната хронична состојба – дијабетес.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More