7.8 C
Skopje
Friday, December 9, 2022

Пахор: НАТО мора да ја остави вратата отворена за Украина

Најчитани вести

Претседателот на Словенија, Борут Пахор, на денешниот состанок на групата Араиолос на Малта, изјави дека НАТО мора да ја остави вратата отворена за Украина, откако Киев деновиве побара членство во сојузот.

Зборувајќи на маргините на состанокот во Валета, тој истакна дека потребно е да се зачува единството на НАТО-алијансата. Околу барањето на Украина за полноправно членство во НАТО, тој смета дека земјата „има целосно право да ја избира сопствената надворешна и безбедносна политика“ и оти сојузот мора да ја остави вратата отворена за неа.

Пахор додаде дека за тоа мора да одлучат сите 30 членки на НАТО.

Како што подвлече Пахор, Европа не смее да ја повтори грешката од 2014 година, кога недоволно одлучно одговорила на руската окупација на Крим. Тој ги повика лидерите на флексибилност кога е во прашање ширењето на ЕУ на регионот на Западен Балкан.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести