16.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

Пахор во посета на Белград

Најчитани вести

Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска ќе престојува во Белград каде ќе биде примен од српскиот колега Александар Вучиќ. Посетатата е како дел од подготовките за претстојниот Самит Брдо-Бриони. Пред самитот в понеделник во Брдо кај Крањ, Пахор планираше да се состане со претседателите на сите земји учеснички во Процесот, кој ги обединува земјите од Западен Балкан.

Пахор вчера во Приштина разговараше со косовската претседателка Вјоса Османи, а во септември се состана со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, а во март со тричленото претседателство на БиХ, Милорад Додик, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ. Во минатата недела словенечкиот претседател разговараше одделно со колегите од Црна Гора и Албанија, Мило Ѓукановиќ и Илир Мета. Одделни разговори со лидерите на земјите учеснички ќе ги заврши в недела во Блед со средба со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој исто така е ко-претседавач на процесот Брдо-Бриони.

Процесот Брдо-Бриони е заедничка словенечко-хрватска иницијатива започната во 2010 година од Борут Пахор, кој во тој период беше на премиерската функција во Словенија. Овој процес треба да придонесе за зајакнување на меѓусебната доверба и помош на земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ. Од 2013 година, состаноците се одржуваат еднаш годишно, секоја година во различна земја. На самитот в понеделник, лидерите на земјите учеснички ќе ја одбележат 10-годишнината од започнувањето на Иницијативата и, како што е најавено, „ќе ја реафирмираат и зајакнат заложбата за продолжување на процесот на проширување на ЕУ“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести