Патрис Евра реши да стави крај на својата богата фудбалска кариера, откако цела една година е без клуб.
Последен пат играше за Вест Хем во 2018 година. Евра има 38 години и сега реши официјално да му каже збогум на фудбалот. Во професионалната кариера одигра 733 натпревар, а на 81 натпревар го носеше дресот на француската репрезентација.
Експлодираше на фудбалската сцена носејќи го дресот на Монако, но по трансферот во Манчестер јунајтед во 2006 година стана лев бек од светска класа. Со „црвените ѓаволи“ освои пет шампонски титули во Премиерлигата во осумте сезони минати во клубот. Потоа играше за Јувентус и кратко за Олимпик Марсеј, кога неговата кариера отиде во неповрат поради инцидент со еден навивач на овој клуб.
Евра во кариерата вкупно освои 21 трофеј.