11 C
Skopje
Wednesday, March 3, 2021

„Патишта на хероите“ на МНТ во завршна фаза

Најчитани вести

„Патишта на хероите“ – проектот чиј носител е Македонскиот народен театар е во завршна фаза. Истиот ќе трае 2,5 години а театарот за него доби финансиска поддршка од програмата Креативна Европа на Европската унија. За сега не се познати имињата на актерите кои ќе играат во претставата.

Инаку инспариција, според директорката на МНТ, е драмата на Ибзен, „Народен непријател“, која го истражува влијанието на поединецот врз заедницата и обратно.

Токму затоа, како финален производ на проектот, во 2022 година, ќе биде премиерата на копродукцијата „Народен непријател“ на Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ во која ќе учествуваат автори од сите партнерски земји, а во изведба на актери од ансамблот на МНТ.

Но претставата не е се. Покрај „Народен непријател“, проектот подразбира создавање на голем број на авторски дела и програми во кои спаѓаат илустрирани книги за деца, бројни работилници кои ќе вклучат актери и автори од целиот период како и од сите актерски земји, потоа интервјуа со луѓе кои документарно ќе се следат и преку кои ќе се покаже дека сите ние сме опкружени со индидвидуалци кои постојано и секојдневно длеуваат во име на сите нас. Во март или април, во зависност од временските услови, заедно со средношколците од „Раде Јовчевски Корчагин“ на кејот на Вардар, во близина на МНТ ќе се засадат дрвја, во обид да се раззелени просторот околу Театарот.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести