Home » Партнерството со НАТО е безбедносна гаранција за С. Македонија и за Европа

Партнерството со НАТО е безбедносна гаранција за С. Македонија и за Европа

by Журнал.мк

Државниот врв ја повтори пораката дека прашањето на проширувањето на ЕУ со Западен Балкан е геостратешко и безбедносно прашање и не треба да се одложува

Северна Македонија го одбележува Денот на НАТО како 30. полноправна членка на Алијансата. Државниот врв на одбележувањето на денот на НАТО, испрати порака дека членството на земјата во Алијансата претставува историски успех и најзначајно надворешнополитичко постигнување. Ова станува особено значајно за регионалната безбедност и стабилност, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици и војната во Украина.

Премиерот Димитар Ковачевскина свечената церемонија изјави дека земјата е фактор за стабилност и безбедност во регионот во која граѓаните имаат сигурна иднина. Тој порача дека се потребни предвидливи, веродостојни, засилени и забрзани процеси на интеграција во ЕУ. „Прашањето на проширувањето е геостратешко и безбедносно прашање, а евроинтегративните процеси треба да започнат без одлагање“, вели тој.

Безбедносно прашање

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, оцени дека дека гледано од денешна перспектива јасно е дека С. Македонија станачленка на Алијансата во вистински момент. „Тоа ја потврдува исправноста на нашите разумни, храбри и прагматични одлуки. Со членството во НАТО стабилноста на државата не може да биде разнишана, а безбедноста здружено ја гарантираат С. Македонија и 29 сојузници“, порача Петровска.

САД беа првите што ѝ посакаа добредојде на Северна Македонија во Алијансата пред две години. „Со С. Македонија, НАТО-сојузот само се засили. Како рамноправен партнер, САД се горди што стојат обединети со Северна Македонија“, децидна е американската амбасадорка, Кејт Мери Брнз. Во видео обраќање таа истакна дека неоправданата агресија на Русија во Украина ја загрозува регионалната безбедност. „Гледаме колку е важно тоа партнерство и за Северна Македонија и за Европа“, вели Брнз.

Осуда на руската инвазија

Македонскиот државен врв потврди дека ја осудува руската инвазија на Украина и дека ја почитува храброста на украинскиот народ со која ја бранат нивната држава, нивниот суверенитет и територијален интегритет.

„Руската инвазија во Украина придонесе за зајакнување на единството кај земјите членки и зајакнување на соработката со земјите партнери на Алијансата. Вонредната ситуација на европскиот континент покажува дека проширувањето на ЕУ е првенствено безбедносна политика и затоа во оваа прилика упатуваме уште еден силен апел до Унијата за проактивен пристап и забрзување на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, што е од суштински интерес за зачувување на безбедноста на Европа”, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој беше домаќин на приемот во МНР по повод Денот на НАТО.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk