Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е прифатлив кандидат за технички премиер за Партијата за движење на Турците која е во коалиција со владејачката СДСМ, вели пратеникот на оваа партија Енис Ибрахим по информациите дека токму Спасовски ќе ја предводи “пржинската влада“ по 3 јануари.
- Наредната недела треба да имаме состанок на коалициските партнери со СДСМ по што ќе биде донесена и конечната одлука – рече Ибрахим