22 C
Skopje
Thursday, May 6, 2021

Партијата на Санчез победи во Шпанија, но без мнозинство за формирање влада

Најчитани вести

Резултатите од речиси 99 отсто преброени гласови на вонредните парламентарни избори во Шпанија, покажуваат победа за социјалистите, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи.

Врз основа на досега преброените гласови, социјалистите на премиерот Педро Санчез освоиле околу 122 места во Долниот дом на Парламентот, додека конзервативната опозициска Народна партија 87 пратенички мандати.

Десничарската партија „Вокс“ го зазеде третото место со освоени 52 места, што е за 23 повеќе отколку на изборите одржани на 28 април.

Резултатите јасно покажуваат дека ниту една партија нема доволно пратеници за формирање владејачко мнозинство, што значи дека ќе дојде до преговарачки процес меѓу партиите за формирање влада.

По победата на изборите лидерот на социјалистите и актуелен премиер, Педро Санчез, изјави дека уште од денеска ќе почне да се сретнува со лидерите на останатите партии.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести