9.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Партијата на Рама победи во 57 општини

Најчитани вести

На локалните избори во Албанија, по пребројувањето на сите гласови, во 57 од вкупно 61 албанска општина, победија градоначалниците и советничките листи на владејачката Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама.

Една од општините општина во која не е избран градоначалник на Социјалистичката партија е Финики, каде што е избран кандидатот на малцинската грчка партија МЕГА Кристо Кичо.

Како што пренесуваат агенциите, сигурно е дека во престолнината Атина актуелниот градоначалник Ерион Велиај од партијата на Рама ќе добие втор мандат.

На изборите не учествуваше најголемата албанска опозициска Демократска партија на Љуљзим Баша, која повика на бојкот на изборниот процес.

Според податоците на државната изборна комисија, од вкупно 3.464.328 гласачи со право на глас, на гласање излегле 771.863 гласачи или 21,6 отсто.

Тоа е најниска излезност во таа држава од воведувањето на повеќепартискиот систем.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com