22.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Партиско разногласие за пребројувањето

Најчитани вести

Не смееме да дозволиме несериозност и во следните десет години да немаме попис. Ако сме држава којашто 20 години нема попис, тоа треба да го направиме што е можно поскоро, изјави премиерот Зоран Заев, коментирајќи ја иницијативата на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ за собирање потписи за поништување на Законот за попис.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак со став – СДСМ продолжува со својата деструктивна политика против волјата на граѓаните. Истакнаа дека над 25.000 граѓани за три часа му кажаа НЕ на Заев за фалсификат попис. Моќна порака од граѓаните до Заев за поништување на Законот за попис, посочи Николоски.

Законот за попис беше донесен со гласовите на владејачките партии, а поддршка дадоа и пратеници од опозициската Коалиција на Алијанса на Албанците и Алтернатива. Пописот ќе се спроведе од 1 до 21 април, а ќе се прибираат податоци за демографските карактеристики на населението за становите и структурата на домаќинствата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести