Партиски извори од СДСМ: Оливер Спасовски ќе биде технички премиер

0

Оливер Спасовски ќе го наследи Заев на премиерската функција во владата задолжена за организација на изборите дознава сител.

Информацијата за Сител ја потврдува висок партиски функционер од СДСМ кој вели дека актуелниот министер за внатрешни работи најдобро бил запознаен со состојбите а дополнително, ќе мора и да си замине од МВР бидејќи според пржинскиот договор на оваа позиција ќе дојде кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Одлуката Спасовски да биде технички премиер останува уште да ги помине партиските тела на Бихаќка, што според нашиот извор ќе биде само формалност.

Во опозицијата се уште нема информации со кои кадри Мицкоски ќе ја чува регуларноста на изборите. Од таму велат дека ваква одлука ќе биде донесена кон крајот на месецот. Во партиските кругови се вртат повеќе имиња, меѓу кои и она на Антонио Милошоски кој се споменува како кандидат за технички министер во МВР.

Доколку изборите се одржат на 12 април, Заев треба да си замине од Илинденска на 3 јануари. Џафери веќе најави дека Собранието ќе се распушти на 11 февруари а веднаш потоа ќе ги распише и предвремените избори.

До тогаш, на пратениците им останува да го усогласат изборниот законик, кој оваа година ќе оди во пакет со предлогот за промена на изборниот модел .

Премиерот вели дека ногвата партија ќе поддржи една изборна единица и покрај тоа што коалициониот партнер ДУИ е против

Покрај ДУИ каде не се согласуваат со било какви измени, против се и во ВМРО-ДПМНЕ  од каде бараат мнозински изборен модел.