9 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Парламентот на Венецуела врати на сила договор што овозможува странска интервенција во земјата

Најчитани вести

Венецуелскиот парламент, што се наоѓа под контрола на опозицијата, синоќа го одобри враќањето на земјата во Меѓуамериканскиот договор за взаемна помош (ТИАР), што ќе овозможи легална евентуална странска воена интервенција во земјата зафатена со сериозна политичка и егзистенцијална криза, пренесуваат светските агенции.

„Текстот на договорот едногласно е одобрен и потпишан“, рече претседателот на парламентот, Хуан Гуаидо, по гласањето во Каракас, точно шест месеци откако се прогласи за привремен претседател на земјата.

Со ова Венецуела се враќа во ТИАР (познат и како Договорот од Рио), седум години откако излезе од него, со одлука на тогашниот претседател Хуго Чавез.

ТИАР, од кој истапија и Боливија, Еквадор и Никарагва, се смета за средство за ширење на американското влијание во Латинска Америка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести