Главниот одбор на Српската напредна странка ќе се изјасни на седица на 29 декември за датумот за одржување избори за парламентот и, според извор од партијата, најверојатни датуми се споменуваат 19 или 26 април.
Според „Блиц“, на седницата членовите ќе се изјаснат за датумот на парламентарните избори, а ќе бидат претставени и нови лица од партијата. Седницата ќе биде можност за анализа на резултатите, но и да се зборува за плановите.