12.8 C
Skopje
Saturday, November 27, 2021

Парични казни за четири лица од Скопје поради непочитување на полицискиот час

Најчитани вести

Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе предлози за казнени налози против четири лица за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Од Јавното обвинителство информираат дека тројца од обвинетите во селото Побожје, а еден во Бутел, не го почитувале полицискиот час.

-За време на забраната определена со прописите за спречување на ширењето на заразна болест, без дозвола се движеле надвор од нивните домови, се посочува во соопштението на Обвинителството.

За обвинетите се предложени парични казни од по 100 дневни глоби, со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра​.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com