14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Паричниот надомест за уште 1.100 стечајни работници на собраниска комисија

Најчитани вести

Овозможувањето материјален надомест за уште 1.100 стечајни работници е дел од законските измени за кои што денеска треба да расправа собраниската Комисија за труд и социјална политика во второ читање, по скратена постапка.

Овие измени предвидуваат уште 1.100 стечајци, кои имаат најмалку 14 години работен стаж во претпријатија со доминантна државна сопственост, да можат да добијат право на месечен надомест до вработување или пензионирање. Досега за право на надомест можеа да аплицираат граѓани кои имаа најмалку 15 години работен стаж. Со новиот Предлог-закон за стечајци се зголемува опфатот за дополнителни 1.100 стечајци кои ќе добијат можност да остварат месечен надомест во износ од 9.242 денари.

Во образложението на измените, од Владата и од МТСП посочија дека досега со неколку законски решенија бил обезбеден финансиски надомест за 11.420 невработени лица чиј работен однос престанал по ликвидација, стечај или технолошки вишок, а работеле во претпријатија со доминантна државна сопственост.

Со последните измени вкупно 13.000 стечајци ќе добиваат материјален надомест до пензионирање или до вработување.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com