11 C
Skopje
Wednesday, March 3, 2021

Парис Хилтон е верена по четврти пат! Богаташката решила да направи интимна венчавка поради короната!

Најчитани вести

Богатата наследничка на империјата Хилтон, Парис Хилтон се надева дека после три неуспешни веридби, конечно ќе застане пред олтарот со својот „принцот од бајките“, но венчавката ќе биде од поинтимен карактер поради пандемијата.

Иако свршувачката сè уште не е официјално објавена на нивните социјални мрежи, се чини дека Парис Хилтон сака што побрзо да го каже судбоносното „да“. Поради нејзиното бурно љубовно минато и дури три неуспешни веридби, се чини дека русокосата богаташка не сака да го објави својот четврти свршувачки чин јавно, за да не и се повтори историјата.

Сепак, таа е среќна што ја подигна својата едногодишна врска со бизнисменот Картер Реум на следното ниво.

Нашата венчавка ќе биде поинтимна. Тоа е ден кога сонував за целиот мој живот и сега го најдов мојот принц. Едноставно не можам да дочекам – изјави Хилтон и откри дека многу размислуваат и за децата, но дека сега бракот и е најважен.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести