-0.2 C
Skopje
Sunday, December 5, 2021

Паратичи: Роналдо останува во Јуве до 2021, Ракитиќ не доаѓа…

Најчитани вести

Јувентус ја почна одлично и новата сезона, но директорот Фабио Паратичи мора во секој момент да биде активен, планирајќи ги следните потези на „пазарот“. Откако се појавија шпекулации дека Кристијано Роналдо на крајот од сезонава ќе си замине од клубот, првиот оперативец на „старата дама“ јасно стави до знаење дека тоа нема да се случи.

„Кристијано е многу, многу значаен за нас. Ние сме пресреќни од него, исто како што тој е од нас. Немам ниту ронка сомнеж дека тој ќе остане до крајот на договорот, до јуни 2021 година“ – истакна Паратичи.

Воедно, тој ја затвори вратата за евентуално доаѓање на Иван Ракитиќ во Јувентус. Хрватот е несреќен во Барса и во јануари ќе си замине од „Камп Ноу“, но „црно-белите“ од Торино нема да бидат негов нов клуб.

„Се пишуваше многу за Ракитиќ, но ние не сме испратиле понуда, ниту ќе сториме такво нешто. Го имаме еден од најдобрите и најкомплетните тимови во Европа, задоволни сме од она што Сари го има на располагање и нема да се засилуваме“ – порача Фабио Паратичи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com