9 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Парадоксално: Фирмата на советникот Нефи се пријави на тендер за уривање на дивоградби!

Најчитани вести

Фирмата на советникот Нефи Усеини, кој е сопственик на дивоградбата пред Чинарот е меѓу двете компании кои доставија понуди на тендерот за избор на фирма која ќе ги руши дивоградбите во Охрид.

Понудите на тендерот беа отворени во општината Охрид, а во конкуренција за избор е уште една фирма.

Усеини пред неколку дена направи јавно отворање на неговата пицерија од која дел е дивоградба, а на отворањето присуствуваше и струшкиот градоначалник Мерко. Градоначалникот на Охрид пак, Константин Георгиевски Најави дека дивоградбата ќе биде отстранета веднаш штом се создадат услови. Како една од причините за досегашното непостапување беше наведено и тоа дека се уште не е избрана фирма за уривање.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести