15.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

Парада за Денот на победата во Москва, дали Путин ќе објави војна?

Најчитани вести

На Црвениот плоштад во Москва денеска ќе се одржи традиционалната парада за Денот на победата, 9-ти мај, односно 77-та годишнина од капитулацијата на нацистичка Германија пред Советскиот Сојуз во Втората светска војна.

Според руското Министерство за одбрана, во маршот ќе бидат вклучени 33 парадни единици со над 10.000 лица, a механизираната колона ќе има 131 вооружен систем.

Во единиците на пешачката парада ќе има офицери, наредници и војници на воените единици и формации на Западниот воен округ, кадети на воени образовни институции, членови на Движењето на младата армија и претставници на различни министерства и агенции, прецизираат од Министерството за одбрана на Русија.

Некои американски претставници веруваат дека Путин би можел да го искористи 9 мај за да го смени текот на војната во Украина поради неуспесите со кои се соочува.

Драматичните опции вклучуваат ескалација преку формално објавување војна или општа мобилизација или деескалација со прогласување победа.

Алтернативно, Путин би можел да понуди „комбинација“, пофалувајќи ја „победата“ на руската армија бидејќи го подготвува населението за тежок и болен конфликт како статус кво.

Во вчерашната порака до поранешните советски републики, Путин порача:

„Денес нашите војници, како и нивните предци, рамо до рамо се борат да ја ослободат својата татковина од нацистичката нечистотија, убедени дека, како и во 1945 година, победата ќе биде наша. Денес, наша заедничка должност е да го спречиме заживувањето на нацизмот, кој предизвика толку многу страдања на народите од различни земји“.

Иако од Русија велат дека се глупост шпекулациите дека ќе и објават сеопшта војна на Украина на Денот на победата над фашизмот, Би-Би-Си коментира дека Москва досега негираше оти е во војна, а инвазијата врз Украина ја нарекува „специјална воена операција“.

„Путин, се разбира, ги крие картите и додека не проговори на парадата на Црвениот плоштад, негирањата на Москва треба да ги прифаќаме со резерва“, пишува Би-Би-Си.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com