Аргентинскиот фудбалер и еден од главните фудбалери на Аталанта го напушти Бергамо и премина во шпанската Севиља. Утринава Севиља го купи одличниот напаѓач за само 5,5 милиони евра (плус 3 во форма на бонуси) откако претходно си замина од Бергамо после караницата со тренерот Џанпјеро Гасперини.
Севиља најбргу реагираше и го ангажираше Папу кој потпиша договор до летото 2024 година, а поради тоа и го одбра дресот со број 24.