30.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

Папа Франциск: Душата ми е полна со благодарност по посетата на Ирак

Најчитани вести

Папата Франциск рече дека е полн со благодарност по историската посета на Ирак, за време на неделната аудиенција на која долго зборуваше за патувањето.

– По таа посета, мојата душа е полна со благодарност до сите оние кои го овозможија тоа патување, од политичките до религиозните власти, вклучувајќи го и големиот ајатолах Али Систани со кого имав незаборавна средба во неговата резиденција, рече Папата.
Според него, ирачкиот народ има право да живее во мир и да го најде достоинството што му припаѓа.

– Неговите религиозни и културни корени се илјадагодишни. Месопотамија е лулка на цивилизацијата, додаде тој, изразувајќи жалење што целото наследство е уништено со војната.

Папата се врати во Рим во понеделникот по тридневен престој во Ирак, прва посета на еден папа на таа земја зафатена од војна. Тој ги посети Багдад, Мосул и Каракош, се залагаше за ирачката христијанска заедница и се состана со големиот ајатолах Али Систани, највисокиот шиитски лидер во земјата.

Тој исто така учествуваше во екуменска молитва со разни верски заедници кои живеат во Ирак илјадници години во Ур, родниот град на Абрахам.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести