16 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

ПАПАРАЦО ФОТОГРАФИИ Џенифер Анистон фатена во прегратка со режисерот

Најчитани вести

Синоќа Џенифер одлично се забавуваше

Актерката Џенифер Анистон уживаше во ноќното излегување во петокот вечерта со режисерката Моли Мекнири и пријателите во луксузен ресторан во Лос Анџелес, а на излегување од ресторанот, фоторепортерите ја снимија Џен во прегратката на мистериозен човек. Многу фанови се надеваа дека тоа е нејзиното ново момче, но се чини дека сепак не е така.

„Дали тоа Џенифер има ново момче?“, „За жал, Џен повеќе не е сингл, кој е овој човек?“, „Пресреќен сум за неа, се надевам дека е достоен за нејзината љубов“, се само некои од коментарите на социјалните мрежи откако фотографиите се проширија на Интернет. Но, според сите извештаи, тука не станува збор за нова љубов, туку за нејзиниот добар пријател и долгогодишен соработник, режисерот Вил Спек.

„Не е новото момче, смирете се луѓе. Станува збор за Вил Спек со која работеше на два филма и можно е да подготвуваат нешто ново ’, е коментарот на еден корисник на Инстаграм. Инаку, Џенифер неодамна се најде во центарот на скандал поради ширењето на веста дека ќе посвои девојче од мексиканското сиропиталиште Каза Хогар Сион, на кое помага со години. Нејзиниот тим подоцна проговори и рече дека тоа се лаги и измислици. Анистон никогаш не зборуваше отворено за можноста да посвои дете и жестоко ги негираше ваквите обвинувања.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести