-1 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

Панчев: Штом е ова најдобрата генерација, на Евро 2020 треба да одиме без проблем!

Најчитани вести

Најдобриот македонски фудбалер во 20 век, Дарко Панчев во интервју за „Ал Џазеира Балканс“ посочи дека Македонија без проблем треба да се пласира на Евро 2020 преку мартовските плејоф мечеви во Лигата на нации и голем неуспех би било ако не успееме да го победиме прво Косово во Скопје во тие баражи за виза за настап на континенталниот шампионат.

Македонија ќе се соочи со Косово на 26 март, а ако победи ја чека финале против победникот од мечот Грузија – Белорусија на гости, меч на кој ќе се вади историскиот билет за ЕП летоска низ цела Европа. Во последно време селекторот на македонската фудбалска селекција Игор Ангеловски постојано повторуваше дека оваа генерација во А-тимот е најдобрата во историјата, а сето тоа постојано се повторува и од најголемиот дел на репрезентативци во составот.

„Бидејќи селекторот Игор Ангеловски вели дека ова е најдобрата генерација во историјата на македонскиот фудбал, тогаш на Евро 2020 треба да се пласираме без проблем. Шансите секако дека се големи, ама не треба да се потцени ниту еден противник. Македонија е фаворит во првиот меч со Косово, зашто игра дома. Ако не успееме да го добиеме тој меч, тоа ќе биде голем неуспех“, вели Панчев.

Македонската легенда во интервјуто посочи дека БиХ и Србија, кои исто како и Македонија шансата за место на Евро 2020 ќе ја бараат преку баражите во март, имаат шанси за настап на континенталниот собир, додека за светскиот вицепрвак Хрватска посочи дека „им посакува дури и да ја освојат титулата“.

„БиХ има големи шанси против Северна Ирска, зашто сметам дека имаат подобар тим, а според квалитетот заслужувата настап на ЕП и им посакувам пласман. Исто и за Србија, која секако дека може да се пласира и Норвешка не е противник за да ве боли глава. Секако дека Србија мора да игра подобро од тоа што играше во квалификациите ако сака пласман на ЕП. Хрватска веќе се навикна на настапи на големи натпреварувања и секако дека ќе има добар пласман. Јас многупати кажав дека квалитетот на фудбалот е сериозно паднат, па нема да бидам изненаден ако повторно бидат во врвот. Им посакувам да ја освојат и титулата европски првак ако можат“, додава Панчев.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести