10.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Пановски бара да се затворат дискотеките до Нова година

Најчитани вести

Во скоро време беше донесена одлуката да им се дозволи на ноќните клубови да работат, но јас апелирам таа одлука да се укине до Нова година и повторно да им се забрани на ноќните клубови да организираат забави, рече микробиологот д-р Никола Пановски во гостувањето на Канал 5.

– Ноќните клубови се практично биолошки бомби за ширење на коронавирусот. Младите луѓе можеби нема да се заразат, но голема е веројатноста болеста да ја донесат дома и да се заразат повозрасни луѓе. Исто така, сметам дека треба сите луѓе во затворен простор да носат заштитни маски. Освен во продавници и во трговски центри, луѓето кои влегуваат во разни други установи одбиваат да стават маска на лицето. Тие сметаат дека членови на една иста фамилија и дека нема потреба да носат заштитни маски, а всушност тие луѓе ја шират болеста. Затоа, апелирам до луѓето да не се групираат, а ако веќе мора да се групираат, тогаш да носат заштитни маски и да држат дистанца – вели д-р Пановски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com