15.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

Паника на крузер: Патниците врескаат од страв, снимката доби 49 милиони прегледи (ВИДЕО)

Најчитани вести

Неверојатно голема ајкула ги исплаши туристите на крузер, кои врескаа гледајќи ја како кружи околу бродот.

Музичарот Алекс Албрехт објави снимка од ајкулата на Тик Ток, а видеото за неколку дена собра 49 милиони прегледи.

@.alex.albrecht

Sailed six weeks in the atlantic saw this big fucking shark

♬ original sound – Alex Albrecht

Снимката е направена во Атлантскиот океан, недалеку од брегот на Ирска. Поради својата големина, ајкулата личела на мегалодон, праисториски вид ајкула што изумреле пред 23 милиони години, а може да порасне до големина од 18 метри.

Но, многумина во овој импресивен примерок ја препознале џиновската ајкула, која е после китот, втор по големина вид морско животно. Иако можат да пораснат и до 12 метри и да изгледаат застрашувачки, овие животни се хранат со планктон, не се агресивни и се безопасни за луѓето.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести