На 24 март 2022 година, Факултетот за политички науки при Универзитет Американ Колеџ Скопје организира панел-дискусија на тема „Војната во Украина и нејзиното влијание на Балканот“.
Војната во Украина добива загрижувачки размери и сé уште нема разрешница, страдаат граѓаните на Украина, а последиците ги чувствуваат и останатите земји од Европа. Целта на оваа панел-дискусија е да се разговара за импликациите од украинската криза врз процесите на Балканот, пред сé во Македонија. Поканети се учесници од различни провениенции, кои со својата експертиза и непосредно професионално искуство ќе дадат согледувања на состојбите и неопходна размена на мислења.
Панелисти:
- Едвард Џозеф, виш предавач на Факултетот за меѓународни односи (SAIS) при Универзитетот Џонс Хопкинс, САД
- Огнен Вангелов, доцент по меѓународни односи и меѓународна безбедност на Факултетот за политички науки при УАКС
- Крум Ефремов, Амбасадор на Република Северна Македонија во Украина
- Радмила Шеќеринска, поранешна министерка за одбрана на Република Северна Македонија
- Тони Танчевски, проектен менаџер во Форум ЗФД Одеса и поранешен службеник за известување и политички анализи при мисијата на ОБСЕ во Мариупол
Модератор:
Сашо Орданоски, предавач на Факултетот за политички науки при УАКС
На настанот ќе присуствуваат студентите на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, кои ќе можат и директно да се вклучат во дискусијата со свои мислења и прашања. Настанот е отворен и за пошироката јавност.
четврток, 24 март 2022 година, 13:15-15:00 часот
Амфитеатар 1 на УАКС
Настанот се организира според пропишаните епидемиолошки мерки за заштита.
Поради ограничениот број на присутни, настанот ќе може да се проследи и онлајн на платформата Webex: https://uacs.webex.com/uacs/j.php?MTID=m5c8123a7b025f2f4f9897031d2d90762