Home » Панел дискусија за дискриминација на жените во бел мантил

Панел дискусија за дискриминација на жените во бел мантил

by Журнал.мк

Панел дискусија на тема „Жени кои спасуваат животи, а немаат лек за дискриминацијата – жени во белиот мантил“ ќе се одржи денеска во Скопје, како дел од кампањата „Гласна и храбра“ што се реализира во текот на март.

Оваа дискусија, во организација на Министерството за труд и социјална политика, има за цел подигнување на свеста за дискриминацијата на жените во белиот мантил како предуслов за родова еднаквост во општеството.

Воведно обраќање на настанот ќе има проф. д-р Ана Данева Маркова, советник за здравство на претседателот на Владата, а ќе говорат и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, Александра Ѓорѓиева, специјализант по кардиологија и претседател на Здружение на лекари специјализанти и Маргита Трифуновска, медицинска сестра од Клиниката за гинекологија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk