25.8 C
Skopje
Thursday, July 7, 2022

Панел: Демократијата во Европа – 30 години по Маастрихт: Нови прашања за европската иднина и дилемите за проширувањето

Најчитани вести

Во панел дискусија „Демократијата во Европа – 30 години по Мастришкиот договор: Нови прашања за европската иднината и дилемите поврзани со проширувањето“, организирана од Фондацијата Конрад Аденауер, Европското движење во Република Северна Македонија и Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел, денеска во Скопје ќе биде одбележан Денот на Европа – 9 Мај.

На панел дискусијата најавено е обраќање на амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската унија во земјава Дејвид Гир, на германската амбасадорка Анке Холштајн, на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, на претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николоски, на заменик претседателот на Комисијата за европски прашања Арта Биљали-Зендели, како и на членот на Комисијата за европски прашања Моника Зајкова.

Настанот ќе го отворат претседателката на Европското движење Милева Ѓуровска, претставникот на Фондацијата Конрад Аденауер Даниел Браун и Катерина Јакимовска од Центарот за европски студии Вилфред Мартенс.

Дискусијата ќе биде модерирана од поранешниот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања, Васко Наумовски.

Вториот дел од настанот, како што е најавено од организаторот, е посветен на студентите и младите и во рамките на овој дел ќе бидат организирани: Ораторски натпревар на тема „Мојата порака за подобра иднина на мојата земја” и Квиз на знаење за ЕУ.

На овој настан ќе биде претставена и номинацијата за Европска личност на годината.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com