Home » Пандов: Пратеници од ДУИ и СДС поднеле измена на закони за изградба на коридорите, а не го виделе договорот со Бехтел и Енка

Пандов: Пратеници од ДУИ и СДС поднеле измена на закони за изградба на коридорите, а не го виделе договорот со Бехтел и Енка

by Журнал.мк

Во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на Алфа Телевизија гостуваше претседателот на патриотскиот институт „Гоце Делчев“ при ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов. Тој посочи дека договорот за изградбата на Коридорите 8 и 10д власта го крие што отвора многу сомнежи во јавноста.

„Проблемот во Македонија е затоа што толку криминал и корупција гледаме и веќе македонските граѓани се отапени што и да направи актуелната власт на ДУИ и СДС. “, рече Пандов.

„Се наоѓаме во ситуација каде го немаме видено договорот со Бехтел и Енка. Имаме пратеници во македонското собрание кои ги поднеле законите за измена а истите тие пратеници главниот договор помеѓу Македонската Влада и Бехтел и Енка го немаат видено договорот склучен“, кажа Пандов.

Тој посочи дека актуелната власт нема ништо направено и го има зголемено само Буџетот.

„Сега ништо не е направено, буџетот е зголемен неколкукратно а ништо не е направено. Што е најтрагично договорите што се потпишани ние ќе ги плаќаме понатака македонските граѓани а автопати нема да видиме“, изјава Пандов.

Тој додаде дека четворица експерти имаат земено по 300.000 евра за месец дена за Коридорите 8 и 10д, а човек со средно образование двојкаш за работа ќе е платен 5,500 евра.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More