23.8 C
Skopje
Friday, June 25, 2021

Пандемијата ќе остави трајни последици врз младите

Најчитани вести

Пандемијата ќе остави трајни последици врз младите. Ги намали платите, ги отежна пристапот до пазарот на трудот и продолжувањето на кариерата, покажала анализата на младинските организации. Ги повикуваат институциите да ги третираат како клучна група при носењето на мерките за справување со здравствено- економската криза…

За младите, особено оние од ранливите групи, пандемијата предизвика проблеми во образованието, вработувањето, менталното здравје и финансиската состојба. Ова го покажува документот што го претставија неколку невладини организации. Побараа мерки за олеснување на младинско вработување и ревработување, поврат на персонален данок кај младите, ваучери за домашна потрошувачка, сите деца да добијат пристап до образование.

Платите на младите се намалиле за време на кризата, покажа анализата на Здружението за истражувања и анализа – ЗМАИ. Според невладините, од почеток на пандемијата досега, владата има воведено 99 мерки. Од нив само осум биле наменети за младите.

Младинските организации апелираат институциите да ги земат в предвид младите како клучна група при носењето на мерки за справување со здравствено- економската криза.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести