Пандемијата на коронавирусот во услови на крајна сиромаштија доведе 80 милиони луѓе од азиските земји во развој, покажува извештајот на Азиската банка за развој (АДБ).
– Пандемијата од минатата година турна 75 до 80 милиони лица во екстремна сиромаштија во земјите во развој во Азија, во споредба со претпоставките што би се случило со нив без пандемијата од ковид-19 – се наведува во документот на банката.
Според методологијата на АДБ, луѓето што живеат со помалку од 1,9 долари дневно се екстремно сиромашни.
– Од 2017 година, околу 203 милиони лица или 5,2 проценти од населението на земјите во развој во Азија, живеат во екстремна сиромаштија. Без ковид-19 оваа бројка во 2020 година ќе се намалеше на 2,6 проценти – пресметале авторите на извештајот.
– Азиско-пацифичкиот регион постигна импресивен напредок, но пандемијата откри социо-економски расцеп што може да го ослаби одржливиот и инклузивен развој – оцени главниот економист на АДБ, Јасузуки Савада.