7.8 C
Skopje
Monday, December 6, 2021

Пандев: Со победа над Израел да ги завршиме квалификациит

Најчитани вести

Сакаме со победа над Израел и со евентуално освојување на третото место во групата да ги завршиме квалификациите за Европското првенство (ЕП) во фудбал. Мислам дека во целина, во не многу атрактивна, според имињата на репрезентациите, но доста тешка група, одигравме квалитетно, освен на мечот со Австрија што дома го загубивме со 1-4, рече капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев пред вечерашниот последен меч во групата Г, против Израел (арена „Тодор Просеки“, од 20.45 часот).

Македонија во квалификациите за ЕП 2020 ремизира на првиот меч на гости со Израел, во септември, кога беше 1-1. Пред две години, во квалификациите за Светското првенство во 2018 година, Македонија ја забележа единствената победа (1-0) на досегашните шест меѓусебни меча (вкупен скор по една победа и реми и четири порази). Но треба да се има на ум фактот дека Израелците ги добија претходните три натпревари во Скопје, во 2016-та, во квалификациите за СП 2018 со 2-1, во 2007 година, во квалификациите за ЕП 2008 со 2-1, и во 2002 година во пријателскиот меч со 3-2.

Селекторот Игор Ангеловски, кој на овој меч ќе ги има на располагање стандардните Бобан Николов, Илија Несторовски и Висар Муслиу, кои не играа против Австрија поради жолти картони, на средбата со новинарите рече дека посакува победа пред полн стадион за трето место во групата. Maке­до­нија ќе биде трета во групата ако победи на дуелот со Израел и ако Словенија загуби од Полска.

– Секој натпревар е важен, ќе се потрудиме да дадеме максимум и со победа да ја завршиме оваа квалификациска кампања. Пристапот кон сите натпревари е ист, иако сите се поинакви според многу работи. Добро ги познаваме Израелците, игравме во група во два квалификациски циклуса едноподруго, тие го имаат Еран Захави во нападот, кој на деветте меча постигна 11 гола (колку и Кристијано Роналдо, а еден помалку од Хари Кејн – н.з.), имаат и добар среден ред, но имаат и одредени слабости, кои ќе се обидеме да ги искористиме. Не чувствуваме никаков притисок дека мора да се добие овој меч, напротив, ќе се обидеме да одиграме најдобро што можеме во моментов – вели Ангеловски.

ГРУПА Г
Македонија – Израел 20.45 ч.
Полска – Словенија 20.45 ч.
Летонија – Австрија 20.45 ч.
ТАБЕЛА
Полска 9 7 1 1 15-3 22
Австрија 9 6 1 2 19-8 19
Словенија 9 4 2 3 14- 8 14
Македонија 9 3 2 4 11-13 11
Израел 9 3 2 4 16-17 11
Летонија 9 0 0 9 2-28 0

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com